Претседателот Пендаровски утре ќе се вакцинира против Ковид-19

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски, утре во 14 часот ќе прими вакцина против Ковид-19, во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во Куманово, соопшти Кабинетот на претседателот.

По завршувањето на вакцинацијата, Пендаровски ќе ѝ се обрати на јавноста, соопштуваат од Кабинетот.