Вести Македонија Ударни вести

„Пријави оган на отворено“: Скопските пожарникари изгаснале 28 огнови на отворено

Сподели:

 

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 01.01-23.01.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала 41 пријава од граѓаните. Од вкупниот број јавувања, во 28 случаи пожарникарите излегле на терен со противпожарни возила и го изгаснале огнот што горел на отворено. Преостанатите 13 пријави од граѓаните се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.

Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено.

Оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат – соопштуваат од град Скопје.

 

Сподели: