Пристигнаа 20.000 вакцини Астра Зенека донација од Хрватска

Сподели

 

Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата. Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

 

 

Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против корона вирусот го прави поуспешен. Министерот за здравство д-р Венко Филипче изразува голема благодарност до хрватската Влада за овој чин на солидарност.