Притвор од 30 дена одреди судот за Јанакиески и Ристовски

Сподели

На ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, судот вечерва им одреди притвор во траење од 30 дена.

Тој им е одреден по распитот во Кривичниот суд во Скопје откако обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага во која тие се осомничени како дел од организаторите за настаните на и пред 27 април 2017 година. Делото за кое се сомничат е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Во истрагата осомничен е и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, но тој има имунитет, па за да му се спроведе распит, а потоа и да се донесе одлука за притвор за него, прво пратениците треба да му го одземат имунитетот.

Исто така, осомничени се и експремиерот Никола Груевски и поранешниот вработен во Петатта управа во МВР, Никола Бошковски. Двајца избегаа и се во азил, едниот во Унгарија, другиот во Грција.