Вести Свет Ударни вести

Приведени претседателот на Зимбабве и неговата сопруга

Сподели:

По вчерашната воена интервенција во африканската држава Зимбабве, воените претставници соопштија дека претседателот на земјата, Роберт Мугабе, и неговата сопруга се приведени, јавува Anadolu Agency (AA).

Воените претставници преку државната телевизија соопштија дека 93-годишниот Мугаве и неговата сопруга се приведени, а во тек е процесот за приведување на другите криминалци околу Мугабе.

Според вестите на локалните медиуми, исто така се приведени министерот за високо образование, Џонатан Мојо, министерот за локална самоуправа, Сејвиор Касукувере, како и министерот за финансии, Игнатиус Комбо.

Од друга страна, поранешниот потпретседател на земјата, Емерсон Мнангагва, кој е отстранет од функцијата, преку објава на социјалните мрежи истакна дека се вратил во земјата и оти интензивно ќе работи во наредните денови.

Претседателот на Сојузот на ветераните на Зимбабве, Крис Мутсвангва, воената интервенција ја оцени како „бескрвна казна“.

Мутсвангва, кој е еден од поддржувачите на поранешниот потпретседател на земјата отстранет од функцијата, Емерсон Мнангагва, нагласи дека вејската ќе го претвори Зимбабве во вистинска демократија, и земјата ќе ја трансформира во една модерна и примерна нација.

Исто така, Мутсвангва вели дека началникот на Генералштабот на војската на Зимбабве, Константино Чивенга, бескрвно го казнува она што власта била злоупотребувана.

Војската на Зимбабве синоќа се упати кон главниот град и ја зазеде државната телевизија. Во утринските часови, во државната телевизија „ЗБЦ“ (ZBC) беше прочитана декларација, во којашто се тврдеше дека воената интервенција не е државен удар.

Минатата недела откако Мнангагва беше отстранет од функцијата, се зголемија тензиите меѓу војската и владата. Началникот на Генералштабот на земјата, Константино Чивенга, истакна дека се подготвени да направат чекор за да се стави крај на поддржувачите на Мнангагва.

По изјавата на началникот на ГШ на земјата, претставниците на владејачката партија, „Зану-ПФ“, го обвинија Чивенга за велепредавство, и истакнаа дека нема да се покорат на воениот притисок.

Сподели: