Вести Свет

Приведени се десетици професори во Истанбул поврзани со ФЕТО

Сподели:

feto

ИСТАНБУЛ (АА) – Полицијата денес приведе 73 професори од Техничкиот универзитет „Јилдиз“ во Истанбул како дел од истрагата за терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Од канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул, издадени се вкупно 103 налози за приведување на осомничените кои се обвинети за користење на апликацијата „Бајлок“ за испраќање пораки поврзани со обидот за државен удар на 15 јули и дека се членови на вооружената терористичка организација, вели полицискиот извор кој зборуваше под услов на анонимност.

Апликацијата е пробиена од страна на турските безбедносни агенции пред државниот удар, поттикнувајќи ги пучистите да се префрлат на користење на апликацијата за пораки WhatsApp, но не пред да бидат идентификувани десетици илјади припадници на ФЕТО.

Во Турција сѐ уште е во сила вонредната состојба прогласена по обидот за државен удар, и предвидено е таа да се продолжи за уште три месеци од 19 октомври.

Предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во САД, терористичката организација ФЕТО која стои зад организирање на обидот за државен удар, води долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.

Обидот за државен удар на 15 јули во Турција остави зад себе 241 жртва и околу 2.200 повредени.

Сподели: