Приведени Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески

Сподели

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција полицијата го приведе поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник од ВМРО -ДПМНЕ, Трајко Вељановски, но и поранешниот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Од куќен притвор до судија на претходна постапка попладнево е однесен и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Сите се приведени во врска со настаните во Собранието од 27 април.

Во судот во изминативе неколку дена во тек се завршните зборови на обвинетите по предметот за насилството во Собранието. Јавното обвинителство неодамна соопшти дека води истрага за организаторите на насилните настани на 27 април во Собранието.