Приведено уште едно лице од инцидентот кај плоштадот Скендер бег

Сподели

 

На 14 јули, од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје лишен е од слобода Р.А. (29) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 06 јули околу 19.30 часот на бул. Гоце Делчев во Скопје, поточно на плоштад Скендербег, испукал со пиштол.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал извршен е претрес во неговиот дом, пиштолот е одземен, а во координација со Јавен обвинител против Р.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.

Денеска лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.