ПРИЗМА: Симе барал летаф бетмени111 – Сашо КОКАЛАНОВ

Сподели

за ПРИЗМА пишува Сашо Кокаланов

kokalanov-1-1

Вчера во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов имаше работа преку глава. По државничката одлука да му се каже историското „не“ на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, дојде најтешкиот дел од работата. Што да му твитне шефот на државава на високиот претставник на ЕУ, колку-толку да се ублажат евентуалните санкции од Брисел?

Иванов, дознаваме, особено болно го примил фактот дека непримањето на Хан може да создаде погрешен впечаток за традиционалната гостопримливост на македонскиот народ. Да, Хан не е Субрата Рој, па да се лапаме по аеродромски писти, ама сепак не е во ред ни слатко и сиктер кафе да не го послужиме.

Замислете од овој мал инцидент, погрешен заклучок за нашата гостопримливост да извлече азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и никогаш да не ни дојде во возвратна посета на Македонија.

Соочени со вакви ризици по иднината на земјата, од врвните умови вработени во кабинетот на Иванов се изнедрија три твита како најсериозни фаворити да се најдат на твитер-профилот на Хан:

Симе барал беф на затварање на Павел Шатеф111
Симе барал го ревидираф Букурешки договор111
Симе барал се дефакторизираф111
По опсежни консултации со Маја Иванова, сите три отпаднаа како презреана калинка во доцна есен. Третото беше отфрлено како премногу радикално, второто е усвоено како следна стратешка цел на македонската надворешна политика, а првото како локално прашање кое можеби и не го засега Хан.

Целата колумна на Призма на следниот линк.