“Алкалоид” со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа за 2023

Сподели

 

“Алкалоид” доби признание за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа за 2023 година.
 
Со настан реализиран во организација на Советот за БЗР и со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, се одбележува Европската недела за безбедност и здравје при работа под наслов „Безбедност и здравје при работа во дигиталната ера“, која има цел да го зголеми знаењето за важноста на безбедноста и здравјето при работа во новото време на експанзивни дигитални промени.
 
 
 
 
Како компанија која постојано вложува во унапредување на системот за БЗР, “Алкалоид” ги следи сите работни процеси и ги имплементира најдобрите практики за зачувување на здравјето на вработените, посебно користејќи ги придобивките од дигитализацијата и од дигиталните технологии, што резултира во безбедна работна средина и во широко препознаена и наградена заложба за безбедност и здравје при работа.