Полицијата откри нова фотографија на терористот кој го извел нападот во Истанбул

Сподели

ИСТАНБУЛ (AA) – Екипите на Одделот за борбата против тероризмот на истанбулската полиција открија нова фотографија на терористот кој го изведе наапдот во ноќниот клуб во населбата Ортакој во Истанбул, на која досега најјасно се гледа неговото лице, јавува Anadolu Agency (AA).

Според сознанијата на новинарот на АА од изворите блиски до полицијата, фотографијата открива највеќе детали досега.

На фотографијата, издвоена од снимките на една од безбедносните камери, јасно се гледаат цртите на лицето на напаѓачот кој во новогодишната ноќ уби 39 лица.

Полицијата соопшти дека сеуште врши потрага по напаѓачот.