Вести Македонија

Продавници, маркети и аптеки кои ќе вршат достава на продукти во Карпош за викенд

Сподели:

 

Општина Карпош издаде повеќе известувања за определување за работа за време на полициски час (сабота и недела), на субјекти кои се занимаваат со достава на храна и лекови на територија на Карпош. Имено, издадени се известувања на повеќе локални продавници, маркети, ресторани и аптеки кои ќе вршат достава на продукти, а претходно аплицираа на Јавниот повик на локалната самоуправа.

Општина Карпош преку урбаните заедници постави известувања на влезовите од згради, на неколку маалски продавници, маркет и аптеки кои ќе вршат достава на неопходни продукти за време на викендот.

За време на викендот ќе работат и други ресторани, локали кои ќе вршат пица достава и слично, но согласно укажувањата од институциите, Општината ги објавува локалите кои можат да обезбедат неопходни продукти за секое домаќинство.

 

МАРКЕТИ/ПРОДАВНИЦИ

  • ВЕРО МАРКЕТ: 075-488-129 и 075-499-782 (врши достава)
  • ДЕНИС ФРЕШ (ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК): 070 – 210 – 533 (врши достава)
  • СТАРИ КОМЕРЦ (КОЛОНИЈАЛ): 071 – 575 – 414 (врши достава)
  • ТАЦ МАЦ (КОЛОНИЈАЛ): 070 – 357 – 577 (врши достава)
  • БАРДИ ТРЕЈД (реон Бардовци): 075 – 582 – 525

АПТЕКИ

  • ЗЕГИН: 078 – 214 – 892 (врши достава)
  • ЕУРОФАРМ: 02/ 55 14 580

Градоначалникот Стефан Богоев ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките, да останат дома и да не ја злоупотребуваат поддршката од маркетите и аптеките.

  • Седете дома! Посветете време на вашите блиски, разговарајте и споделувајте убави моменти. Овие години се оттуѓивме од непосредната комуникација. Сега, можеме да бидеме со тие кои ги сакаме, но и да се поврземе преку социјалните мрежи со нашите пријатели. Само така ќе придонесеме овој период да трае пократко. Коронавирусот ќе помине. Но, треба и целата заедница да се промени. Да станеме посовесни и поодговорни граѓани и животот да го цениме постојано, а не само кога сме во неволја, изјави Богоев во видео обраќање.

 

Сподели: