Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Филипче: Заев и Мицкоски во изолација по контакт со новинар кој е позитивен на коронавирусот

Сподели:

 

ВОНРЕДНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ:

“Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација. По информацијата која ја доби министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот, кој новинар во текот на минатата недела имаше тв интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот. Резултатот на Христијан Мицкоски кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболениот, во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Резултатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со оглед на тоа што тој синоќа веќе беше заминат за Струмица ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по добивањето на информациите е ставен во домашна изолација“, – изјави министерот Венко Филипче во вонредното обраќање до јавноста утрово.

Новинарот е во стабилна здравствена состојба и во моментов е на лекување во болницата „8 Септември“. Во текот на утрото и денот ќе се направат епидемиолошки анкети со неговите контаки за да се утврди точниот наод и бројка на лицата, кои евентуално би оделе во самоизолација. За сите овие информации, како и за резултатот од тестот на претседателот Зоран Заев, ќе извести министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на следната прес конференција во текот на денот и тогаш ќе одговориме на сите прашања.

 

Сподели: