Вести Македонија

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Сподели:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска деветти ден расправа за ребалансот на буџетот, т.е, за предлогот за изменување и за дополнување на буџетот за 2017 година, како и за предлог-законот за дополнување на Законот за извршување на буџетот за 2017 година, по скратена постапка. Овој текст е во второ читање, односно следниот чекор би бил гласање за него на општа собраниска седница.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска реагираше за ребалансот на буџетот и во соопштение порача дека со новиот буџет се предвидени многу помалку пари за битни работи, обвинувајќи дека СДСМ и оваа измена ја злоупотребува за партиски цели.

„Тие и буџетот го ставија во улога на алатка за партизирање на државата. Имено, со новиот буџет кратат средства за капитални инвестиции, нема зголемување на пензии и на социјална помош, нема зголемување на платата за 5 проценти за вработените во администрацијата. Се кратат милиони евра за реформи во судството и во полицијата, стотици милиони денари за канализации и за водоводи, се кратат пари за центри за социјална работа, се кратат 1 милијарда денари за образованието, за студентски домови, за универзитети и уште десетици и десетици други проекти во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели: