Продолжува собраниската расправа за избор на Добрила Кацарска за уставна судијка

Сподели

 

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија на Уставниот суд.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, обвинија дека овој предлог бил „награда од Зоран Заев за Кацарска“ и обвинија дека ова е продолжение на мешањето на извршната во судската власт.

Предлогот, Добрила Кацарска да биде избрана за уставен судија доаѓа по предлог од Судскиот совет. 

Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор.