Продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Сподели

 

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. Обвинети се шест лица.

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.