Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Сподели

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025–2030 година, почнувајќи од денеска (петок, 4 јули) се активира фаза 3, што ќе трае до 08.07.2025 година.

На предлог на Министерството, Владата ги донесе следните препораки:

●Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Оваа препорака не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

●Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;

● Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо;

● Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку.