Вести Македонија Ударни вести

Продолжуваат преговорите за решавање на судбината на СЈО

Сподели:

Министерството за правда продолжува со консултации со политичките партии и пратеничките групи од опозицијата по неуспешниот обид на работните групи на власта и опозицијата да се усогласат за Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на СЈО.

Поддршкатата за Законот за Јавното обвинителство е клучна за отварање на преговори за членство во Европската Унија – стои во соопштението на министертвото.

“Законот кој е во собраниска процедура ги имплементира сите меѓународни стандарди кои се однесуваат на областа на јавното обвинителство и значат заштита на човековите права, кои ја зајакнуваат независноста, неутралноста, отчетноста и ефикасноста во борба со криминалот од страна на обвинителството.

Определбата за заштита на овие принципи, не е само определба на Министерството за правда, туку и на Република Северна Македонија која произлегува од нашето членство во Советот на Европа и аспирацијата за членство во Европската Унија.

Спремноста за развивање, но и целосно имплементирање на овие принципи, кои се наброени и во дописот на ВМРО-ДПМНЕ, е не само обврска на Владата на Северна Македонија, но треба да биде и обврска и заложба на сите политички партии чија ориентација е европската интеграција. Само закон кој ќе овозможи ефикасна борба против криминалот и корупцијата и кој нема да содржи скриена амнестија, ќе може да ги отвори вратите на Европската Унија.  “- се вели во соопштението на министерството за правда.

Сподели: