Промоција на Данела Арсовска за претседател на Нова Алтернатива

Сподели

 

Конвенција за промоција на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за нов претседател на политичката партија Нова Алтернатива е најавена за вечерва во Скопје.

Конвенцијата ќе се одржи во х.„Континентал“ со почеток во 18 часот.

 

Конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива Данела Арсовска ќе се одржи денеска, на 17 јануари, во 18 часот, во Кристална сала, хотел „Континентал“, стои во поканата за конвенцијата од партијата.

Арсовска претходно во телевизиско интервју информираше дека се подготвува да формира политичка партија.