Јан Кристоф Отјен е новиот потпретседател на Европскиот парламент

Сподели

 

Европските пратеници го избраа Јан Кристоф Отјен од Германија за потпретседател на Европскиот парламент, по оставката на Никола Бир.

Отјен, инаку член на германската Партија на слободни демократи и член на политичката група Да ја обновиме Европа во Европскиот парламент, беше единствениот кандидат и беше избран со акламација, соопшти Европскиот парламент.

Бир претходно поднесе оставка како потпретседателка на Европскиот парламент со цел да ја преземе функцијата потпретседателка на Европската инвестициска банка во Луксембург.