Вести Македонија Ударни вести

Пронајдени и одземени рибарски мрежи од 1.000 метри во Охридското Езеро

Сподели:

 

Во периодот од 10 до 13. февруари, припадници на Единицата за брзо распоредување од Одделот за специјални полициски операции, преземаа мерки на засилено набљудување и оперативен надзор на поширокиот реон на подрачјето на СВР Охрид.

 

 

Во рамки на активностите беше извршено патролирање во водите на Охридско Езеро и пребарување на терен со цел заштита на рибниот фонд во езерото, пронаоѓање на лица кои илегално ја минуваат државната граница, како и лица сторители на други кривични дела.

Како резултат на преземените мерки и активности од водите на езерото се пронајдени и извадени 8 рибарски мрежи, со различни димензии, со вкупна должина околу 1000 метри. Пронајдените и одземените мрежи се предадени на Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро.

Сподели: