ШКОТСКА: На Каталонија треба да и се дозволи да ја одреди својата иднина

Сподели

“На шпанската покраина Каталонија треба да и се дозволи да ја одреди својата иднина, а покажаните силни чувства на Каталонците не смеат да бидат игнорирани од меѓународната заедница”, оцени денеска шкотската Влада.

– Шпанија и натаму ќе има став дека гласањето не е легитимно, но Шпанија не може да ја игнорира јачината на демонстрираните чувства, ниту тоа можат да го направат Европа и меѓународната заедница, се наведува во соопштението потпишано од шкотската министерка за надворешни работи Фиона Хислоп.

Таа верува дека сега треба да следува дијалог, со цел проблемот да се реши на начин со кој ќе се почитуваат демократијата и владеењето на правото и кој би му овозможил на народот на Каталонија да ја одреди својата иднина.