Вести Македонија Ударни вести

Пронајдени над 100 килограми марихуана во пловен објект на брегот на охридското езеро

 

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија – Регионален центар за гранични работи Запад при Бирото за Јавна безбедност во координација со Основното јавно обвинителство Струга  како резултат на претходно преземени мерки и активности на 30.06.2020 година во раните утрински часови на регионалниот пат Струга -Охрид во близина на месноста викана “Рампа” кај Струга во пловен објект на брегот на езерото пронајдоа седум торбици со поголема количина на спакувана марихуана со тежина од над 100 килограми.

 

 

Од страна на увидна екипа извршен е увид на лице место, а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет   на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси” по член 215 од Кривичниот Законик Република Северна  Македонија.

Сподели: