Вести Македонија Ударни вести

Протест за слобода на Алими: „Да се спаси човек не е тероризам“

Сподели:

Денеска пред Кривичниот суд група граѓани се собраа на протестен марш, со барање за ослободување на Абдулфета Алими, кој е осуден за крвавиот четврток на 7 години затворска казна.

Меѓу демонстрантите во првите редови се појави Зијадин Села во придружба на неговиот сопартиец и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

Граѓаните носеа пароли со натписи „Правда, правда“, „Нема правда, нема мир“, „Стоп на полтички монтирани процеси“, „Да живее правдата“, „Да се спаси човек не е тероризам“.

Абдулфета Алими на крвавиот четврток беше присутен во Собранието како дел од собраниското обезбедување. Според пресудата, тој не презел ништо за да го спречи насилството во законодавниот дом кое се случувало пред него. При изрекување на казната, Судот го зел предвид и фактот што Алими го спасил пратеникот Зијадин Села, и затоа му определил пониска казна. Алими од сите 16 обвинети за крвавиот четврток доби најниска казна.

(Фото МИА)

Сподели: