Рачна граната фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Сподели

Напаѓачи на мотор денеска фрлија рачна граната во рускиот конзулат во Атина и предизвикаа помала штета, но нема повредени, соопшти грчката политиција. Засега никој не презема одговорност за нападот кој се случи рано наутро во конзулатот во предградиоето на Чаландри. Полицијата ја затвори областа и испрати тим за отстранување на бомби – пренесе РСЕ.

Направата експлодираше под кабината за чувари. Полициски извори велат дека се сомневаат оти нападот бил извршен од страна на левичарската милитантна Група на популарни борци“, која презема одговорност за бомбашкиот напад во декември врз канцеларии на ТВ станица и весник.

Министерството за надворешни работи на Грција соопшти дека „безрезервно го осудува“ нападот.