Вести Македонија

Протестот „Ултиматум – НЕ благодарам“ со сменета маршрута

Сподели:

 

Организаторите на протестите против францускиот предлог најавија нова маршрута за денешниот протест.

Денеска протестот ќе започне во 19 часот пред зградата на Владата, па пред Министерството за правда и на крајот пред Собранието.

Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19:00 часот пред влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека нема промена на Уставот за внес на Бугарите, затоа што Уставот не е Википедија, и ќе завршиме пред Собранието, информираат од „Ултиматум – НЕ благодарам“.

Нема меѓуетнички тензии, туку има заштита на криминал и предавство на Македонија против кое се бориме. Апелираме да не се наседне на полициските провокации. Ултиматум, не благодарам. Против асимилација и бугаризација.

 

Сподели: