Против кого ќе игра Македонија на ЕП 2018 во Хрватска – Погледнете ги сите групи (фото)

Сподели:

Во Загреб, беа извлечени четирите групи на Европското првенство во ракомет за мажи кое следната 2018 ќе се одржи во Хрватска.

draw

Македонија ќе биде дел и од ова ЕП, откако го освои првото место во групата 4 од квалификациите.

Ждрепката сакаше, Македонија да биде дел од групата Ц заедно со европскиот шампион Германија, Словенија и Црна Гора.

Во другите групи ќе играат:

Група А (Сплит) – Хрватска, Исланд, Србија и Шведска.

Група Б (Пореч) – Франција, Норвешка, Австрија и Белорусија.

Група Ц (Загреб) – Германија, МАКЕДОНИЈА, Словенија и Црна Гора

Група Д (Вараждин) – Шпанија, Унгарија, Чешка и Данска.

croatia

Во втората фаза пласман ќе обезбедат првите три репрезентации од секоја група.

Во следната рунда групите А и Б вкрстуваат и натпреварите ги играат во Загреб, а Вараждин останува домаќин и во втората фаза на вкрстената група со репрезентациите од групите Ц и Д.

draw1

13-тото Европското ракометно првенство во Хрватска ќе се одржи од 12 до 28 јануари 2018 година.

The post Против кого ќе игра Македонија на ЕП 2018 во Хрватска – Погледнете ги сите групи (фото) appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: