Во општина Илинден на 26 и 27 јуни, ќе се одржи првиот Регионален саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“ во просториите на спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден.
Станува збор за Регионлен саем пришто генерален покровител е Општина Илинден а организатор Панекс Експо, кој ќе биде фокусиран на промоција на економските можности на регионот. Целта на саемот е да се поврзат локалните бизниси, претприемачи, инвеститори и други клучни актери за стимулирање на економскиот развој и создавање нови можности за раст.
Во текот на овие два дена, ќе се претстават компании од различни сектори, како што се од областа на индустријата, градежништвото, земјоделие, туризам, угостители и технологијата. Саемот ќе биде место за размена на идеи, контакти, искуства и проекти, токму она што му е потребно на современиот економски развој. Програмата вклучува и забавен дел, вечерни активности со диџеј и музика со што се отвора простор за вмрежување во опуштена атмосфера.
За посетители саемот ќе биде отворен во текот на овие два дена од 10 до 18 часот, а од 19 часот почнува забавната програма на паркингот веднаш до спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден.
