Прва средба на претседателот Пендаровски со премиерот Заев по инаугурацијата

Сподели

 

Денеска за во 16:15 часот, закажана е првата средба на Претседателот Стево Пендаровски со премиерот Зоран Заев, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Тоа ќе биде прва средба на претседателот Пендаровски и премиерот Заев  по инаугурацијата, на којашто поради користење слободни денови, не присуствуваше првиот човек на македонската влада.