Бошњаковски ќе биде генерален секретар во кабинетот на претседателот Пендаровски

Сподели

 

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска соопшти дека преминува во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

„Ова е моја последна прес-конференција во овој формат како портпарол на Влада. Преминувам во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Ја преземам одговорноста на генерален секретар. Ми беше исклучителна чест во овие речиси три години да соработувам со сите вас, да ви служам и се надевам дека соработката ќе продолжи и во наредниот период во една друга форма“, изјави Бошњаковски.

Тој му заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната можност.