Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска престојува во официјална посета на Македонија.
Првиот човек на НАТО, Руте ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести.
Закажани се тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и делегацијата на НАТО, а нешто пред 13 часот попладнево Сиљановска-Давкова и Руте ќе одржат заедничка прес-конференција.
Ова е негова прва посета на Македонија, како прв човек на Алијансата.


