Првиот Подпретседател на ЕБОР Ригтеринк во посета на Северна Македонија

Сподели

 

Средби со владини претставници и клиенти, и учество на конференцијата на Министерството за финансии

Првиот Подпретседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Јурген Ригтеринк, доаѓа во посета на Северна Македонија, во понеделник и вторник, за да оствари средби со Владата и деловната заедница. Посетата ќе биде прилика да се потврди посветеноста на Банката во однос на активностите во земјата.

Господин Ригтеринк изјави: ,,Северна Македонија беше тешко погодена од пандемијата на Ковид-19, но одговори решително и со отпор кон кризата. Сега е време да се придвижите напред и да се врати економскиот прогрес и раст, со развој кој треба да биде зелен, инклузивен и одржлив. Ова се воедно и приоритетите на ЕБОР и подготвени сме да ја поддржиме земјата, во процесот на излегување од кризата и во градењето на подобра иднина.”

За време на престојот во Скопје, Првиот Подпретседател на ЕБОР помеѓу останатите средби ќе има состанок со Премиерот, Зоран Заев, Заменик Министерот за економски работи, Фатмир Битиќи, Министерот за Финансии и Гувернер на ЕБОР, Фатмир Бесими, и Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Господин Ригтеринк ќе разговара и со претставниците од локаната и меѓународната бизнис заедница и ќе учествува на Годишната конференција на македонското Министерство за финансии ,,Економско опоравување и раст после Ковид-19”. Во своето излагање Првиот Подпретседател на ЕБОР  ќе зборува во Панелот ,,Јавни и приватни инвестиции и конкурентност”.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2,1 милијарди преку 147 проекти во земјата. Поддршка на приватниот сектор и зелената транзиција е приоритет на Банката, бидејќи тоа е еден од најголемите предизвици во земјата.