Пуџдемон во Копенхаген ќе учествува на дебата посветена на Каталонија

Сподели

Соборениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон пристигна во Копенхаген, јави данската телевизија ТВ-2.

Во петокот, Шпанија побара апсење на Пуџдемон ако тој пристигне во Данска, каде се очекува да учествува во дебата на локален универзитет, посветена на Каталонија.

На 5. декември лани, шпанскиот Врховен суд побара апсење на Пуџдемон и на сила, со национална и меѓународна потерница.

Тоа значи дека ако се врати во Шпанија или ја напушти ЕУ, тој треба да биде уапсен и вратен во својата татковина.

Шпанија бара Пуџдемон да одговара по обвинувањата за бунт, злоупотреба на јавни средства и повредата на довербата, откако каталонската Влада прогласи еднострана независност кон крајот на минатата година.

МИА