Пунктот за промена на документи без закажување во „Пролет” работи денес и утре

Сподели

 

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 25.11.2023 (сабота) и 26.11.2023 (недела) од 08 до 16 часот, информираат од МВР.

Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.

Исто така, во сабота (25.11.2023) од 08 до 16 часот ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко.