Работилница за Предизвиците за македонската економија од воведувањето на даночната реформа

Сподели

 

Претседателот и членовите на Комисијата за финансирање и буџет учествуваат на дводневна работилница поддржана од Вестминстер фондацијата за демократија на која се дискутира за Предизвиците за македонската економија од воведувањето на даночната реформа.

 Целта на работилницата е да се разменат мислења и ставови во однос на стратегијата за реформи на даночниот систем, целите и приоритетите на реформата, воведувањето на нови даноци, проширувањето на даночната основа и подобрувањето на ефикасноста на даночниот систем.

Во своите излагања пратениците посочија дека е потребно да се обезбеди праведен, ефикасен и современ даночен систем кој ќе придонесе за намалување на даночната евазија и сивата економија, праведност во одданочувањето и поголема ефикасност во прибирањето на приходите од страна на даночната администрација.