Нов директор на ДСЗИ е д-р Димитар Ангелески

Сподели:

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска оствари средба со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Д-р Ангелески е доктор по општа медицина од Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје и специјалист по ортопедија. Работното искуство го гради во ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, во Службата за итна медицинска помош. Бил директор на Медицинскиот симулациски центар и е признат едукатор за обуки од областа на итната медицина.

Според министерот Клековски, пред ДСЗИ стојат јасни очекувања: посилна улога во заштитата на јавното здравје, со побрза и повидлива инспекција на терен, доследна примена на прописите – еднакви правила за сите и поголема отчетност и транспарентност во работата.

Сподели: