Вести Свет Ударни вести

Рачна бомба пронајдена во двор на хотел во Солун

Сподели:

Грчката полиција пронајде рачна бомба во дворот на еден хотел во Солун.

Како што јави АНА-МПА полицијата интервенирала по дојава на телефонски повик, дека во дворот на хотелот има сомнителен пакет.

По откривањето на бомбата биле повикани припадници на деминерска единица на грчката полиција која извршила контролирана експлозија.

Полицијата се уште нема сознанија кој ја поставил бомбата.

Сподели: