РАДИО МОФ (СТАВ): Осми април, најважен ден на ромската историја

Сподели

Осми април се обележува како Светски ден на Ромите. Во 1971 година се одржа првиот Светски конгрес на Ромите, од 8-12 април во Лондон. Еден од најважните историски датуми за ромската зедници, на конгресот се сретнаа претставници на Роми од 14 земји во светот.

На конгресот беа донесени неколку важни одлуки.

Знамето на Ромите (ромски: Ostuago le romengo) е меѓународно знаме на ромскиот народ. Знамето се состои од зелена боја, која симболизира земја, сината боја го симболизира небото, додека црвеното тркалото кој се наоѓа во средината на знамето ги преставува патувањата и миграцијата на Ромите.

Официјалната химна е Џелем Џелем што во превод значи (одев одев).

На првиот конгрес беше и за официјален прогласен ромскиот јазик (romani chip), како и терминот „ром“. Наместо различните називи за овој народ: „цигани“, „чингене“, „житан“, „ацинган“, „џипси“ и сл. Од овој ден во цел свет, овој народ почна да биде познат под името РОМИ (Ром на ромски значи човек).

На Четвртиот светски конгрес на Ромите, кој беше одржан во 1990 година во Полска, било решено 8- ми април да се прогласи за Светски ден на Ромите и секоја година да се одбележува во целиот свет.

Ромите се народ од индоевропско потекло, раселени се на секаде низ светот и немаат своја матична држава. Бројот на Роми е околу 12 000 000 некои тврдат дека овој број е е само во Европа. Најмногу Роми има во Турција, Романија, Шпанија, Унгарија Бугарија  ги има и во останатите европски држави и ги има и во Америка.

Првите доселувања на Роми во Р.Македонија е од Средниот век XIV век.

Според  последниот попис од 2002 година, застапеноста на Ромите од вкупното население во Македонија, изнесува приближно 2.66% (53.879) со што Ромите се четвртата по големина етничка заедница во државава (по Македонците, Албанците и Турците), а според неофицијалните проценки на локалните ромски невладини организации застапеноста на Ромите од вкупното население е многу поголема и изнесува дури и до 6 проценти.

Во рамките на Декадата на Ромите од 2005-2015, во која Македонија беше вклучена од самиот почеток. беа усвоени национални акциони планови во приоритетните области за образование, вработување, здравје и домување.

Најголем напредок од приоритетните области имаше во образованието, и тоа во високото образование. Вкупно дипломирани во Р. Македонија во период од 2007 до 2014 вкупно дипломирани се  225 Роми. Според полот 117 жени и 108 мажи. Бројката од 117 дипломирани жени Ромки укажува дека декадата на Ромите успеа да мотивира повеќе девојки и жени да се запишат и дипломираат и да се стекнат со универзитетска диплома. Целосното истражување за  „Успешноста на декадата на Ромите во високото образование 2004-2014“ може да го најдете на следниот линк тука.

Ова укажува на фактот дека се започна со кршење на предрасудите кон нив како жени кои потекнуваат од ромската заедница, кои го напуштаат своето образование и се мажат во раната младост. Истражувањето на некој начин докажува дека се поголем број на жени Ромки го продолжуваат своето образование во однос на мажите.

Заврши Декадата на Ромите 2005-2015. Освен напредок во образование, во другите приоритетни области нема напредок. Да се надеваме дека во следната нова Стратегија на Роми 2014-2020 година ќе има поголем напредок ромската заедници не само во образование туку во вработување, здраство и домување. А со тоа нема да има поголем дискриминација кон Ромите.

Bahtalo o 8 to April sa e romnge ko sasto sumnal –Честит 8-ми април на сите роми од цел свет.

Џенифер Џеладин

Институт за човекови права

radiomof.mk