Ракометна Македонија стартуваше некомплетна со подготовките за двомеч баражот со Романија за пласман на СП 2023 – Каде да купите карти!?

Сподели

Македонската ракометна репрезентација ги започна подготовките за бараж двомечот против Романија за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.

Ракометарите од домашното првенство од денеска се на располагање на репрезентацијата, а селекторот и капитенот, Кирил Лазаров ќе пристигне утре.

Исто така за утрешниот ден се најавени пристигнувањата и на Филип Миркуловски, Жарко Пешевски и Томи Јагуриновски, а во вторник се очекува да пристигне и голманот на Порто, Никола Митревски.

Македонија ја дочекува Романија во четврток во СЦ „Борис Трајковски“, а реваншот во Букурешт е на 19 март.

Инаку ракометната федерација на Македонија објави дека се пуштени во продажба билетите за дуелот со Романија…

,,РФМ ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во четврток (17.03.2022 г.), со почеток во 19:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра бараж натпреварот во рамки на Men’s World Championship 2023 Qualification Europe – Phase 2 Part 1 против селекцијата на Романија. Продажбата на влезници за натпреварот започна на (11.03.2022 г.) од 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата. Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари,, се вели во соопштението.

The post Ракометна Македонија стартуваше некомплетна со подготовките за двомеч баражот со Романија за пласман на СП 2023 – Каде да купите карти!? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico