Рашковски ќе поднесе кривични пријави против повеќе лица и портали

Сподели

 

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски најави дека ќе поднесе кривична пријава за неовластено снимање против Климент Чепуњовски, како и тужби за клевета и навреди против Иванка Василевска, Горан Момировски, Миленко Неделковски, Љупчо Златев. Арбитражна постапка ќе биде поднесена и против медиумите „Курир“, „Инфомакс“ и „Лидер“.

Рашковски им се извини на сите држави и националности што се нашле повредени во објавениот разговор. Според него, е несериозно да се објават само 15-тина минути од разговорот кој што траел околу еден час.

Договорот за избор на италијанската фирма „Леонардо“, како што посочи Рашковски, е потпишан од страна на менаџментот поставен од минатата власт, односно од Живко Поповски, татко на поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски.