Растурена забава во стан во центарот на Скопје, запленет кокаин, амфетамин

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје по претходно обезбедена наредба  од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице.

 

 

При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога.

 

 

Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23). Дел од лицата биле и затекнати додека консумирале наркотични средства.

 

 

Против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.