Зелената партија ДОМ бара формирање Министерство за климатски промени и енергетика

Сподели

 

Претседателката на партијата, Маја Морачанин ќе бара формирање на министерство за клима и енергија, кое ќе биде надлежно за борба против штетните климатски промени, пренесува ТВ 24.

Освен ова ДОМ ќе бара и забрана за изградба на малите хидроцентрали, олеснување на процедурите за употреба на фотоволтаици од страна на граѓаните како и уверување дека пратениците ќе ги изгласаат сите закони од областа на екологијата кои стојат загалвени во Собранието. 

Помалите партии, коалициски партнери на СДСМ, од мандатарот Ковачевски бараат прифаќање на идејата Македонија да биде една изборна единица, либерализација на криптовалутите но и изградба на ски-центри, хидроцентрали од проектот „Вардарска долина“, како и изградба на реализација на геотермални централи, пренесува ТВ 24.