Заев по лидерската средба: Разговорите продолжуваат вo недела

Сподели

-“За некои прашања полесно се договараме за некои потешко, разговорите ќе продолжат или в недела вечер или в понеделник сабајле, кога очекувам да се најде конкретно решение за формирање на ДИК и за референдумот”, изјави премиерот Зоран Заев по лидерската средба во Клубот на пратеници.

– “Долги се разговорите за референдумот и за ДИК, но продолжуваме со преговорите. Сакам да потенцирам дека стратешки цели на Македонија и сите партии се ЕУ и НАТО. Компромиси нема за стратешките цели, директна или индиректна амнестија нема да има. Даваме шанса на дијалогот се додека тоа е можно” – рече Заев.

На новинарско прашање, дали амнестија е условот која го бара опозицијата, Заев рече дека кога ќе завршат лидерските средби ќе ги даде сите одговори.