Вести Македонија Ударни вести

Разрешен е директорот на Управата за извршување на санкциите по бегството на Мемети

Сподели:

 

Владата на денешната 119 редовна седница го разреши Марјан Спасовски од должноста директор на Управата за извршување на санкциите, по бегството на осуденикот Беким Мемети од Идризово.

Смената надиректорот Спасовски вчера ја најави премиерот Димитар Ковачевски, кој во одговор на новинарски прашања рече дека не е задоволен од работата на директорот на Управата за извршување на санкции.

-Јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и почнав процес на селекција на нов директор на Управата, рече Ковачевски.

Сподели: