Разрешен Горан Грујовски началникот на Петтата управа

Сподели

mvr-zgrada-31

Горан Грујовски, началникот на петта управа е разрешен од неговата функција, соопшти министерот за внатрешни работи Митко Чавков одговарајќи на новинарско прашање. Грујовски е осомничен во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство.

Чавков не сакаше да образложи зошто е разрешен началникот на петтата управа, но вели дека разрешувањето е во законските рамки.

Тој рече дека Грујовски од вчера го прекинал боледувањето, се вратил на работа, и е разрешен од позицијата началник на петтата управа, а се уште нема поставено нов на неговото место.

Грујовски и уште четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, се товарат дека минатата година ги уништиле системите од незаконското прислушување вредни 10 милиони евра.

meta.mk