Вести Македонија

Талески: Ова е наметната постапка

Vladimir-Taleski-pred-SJO-860x680

Станува збор за наметната постапка и не може врз основа на една снимка да се прави ваква политичка хајка. Ова го изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство каде денеска беше на распит за случајот „Транспортер“.

Во врска со тендерите за училишниот превоз во Битола тој изјави дека постапките биле транспарентни и дека тоа ќе го докажат.

Прашан околу информациите дека од куќен притвор ја води општината, битолскиот градоначалник кратко одговори: „Има одлука од Обвинителството која јас мора да ја почитувам“.

Распитот на Талески траеше два и пол часа. Тој во СЈО пристигна точно во 12 часот со полициска придружба, но без лисици на рацете, а на распитот тој дојде со својот адвокат Никола Додовски.

Од исказот на градоначалникот ќе зависи дали СЈО ќе побара продолжување на куќниот притов кој истекува утре.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.

meta.mk

Сподели: