Разрешувањето на Зврлевски се помести понапред на собраниската седница

Сподели

Пратениците на Собранието на Република Македонија го усвоија дневниот ред на 6. седница и решија барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, да биде 5. наместо 30. точка на дневниот ред.

Зврлевски до паузата не се појави во собраниската сала. Тој има право да им се обрати на пратениците.

Претходно пратениците одбија два предлога на опозицијата за законски измени по брза постапка. Првиот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на седницата да биде ставена точката Собранието по скратена постапка да донесе закон со кој се предвидува опозицијата да го предлага јавниот обвинител и тој да се избира со двотретинско, наместо со просто мнозинство беше отфрлен со мнозинство гласови.

Собранието го одби и предлогот на опозицијата за измени по брза постапка во Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, со кои се предвидува веднаш да се укине радиодифузната такса.

meta.mk