СДСМ: Опозицијата ќе го предлага Јавниот обвинител кога ќе се расчисти криминалот на претходната власт

Сподели

„За да биде кредибилна и во можност да предлага експертски решенија, опозицијата прво треба да расчисти во сопствените редови и да се ослободи од криминалните стеги. Опозицијата ќе го предлага новиот Јавен обвинител откако ќе се расчистат сите криминали на претходната власт. Македонија ќе биде правна држава, а тоа ќе се случи кога одговорност ќе понесат сите оние кои 11 години криминално се богатеа, додека стотици илјади граѓани преживуваа и ја напуштаа Македонија“, се вели во реакцијата од СДСМ.