Разузнавачката служба на САД го предупреди Трамп

Сподели

Американските разузнавачки единици до американскиот претседател Барак Обама и до новоизбраниот претседател Доналд Трамп поднесоа извештај во кој се наведува дека Русија поседува чувствителни информации за приватниот живот на Трамп и за неговата имотна состојба, јавува Anadolu Agency (AA).

Според веста што се појави во американскиопт печат, Централната разузавачка агенција (ЦИА), Федералното биро за истраги (ФБИ) и Националната агенција за безбедност (НСА), кои се дел од разузнавачките единици на САД, во брифингот одржан на 6 јануари поднеле извештај во врска со мешањето на Русија во претседателските избори во САД. Во извештајот се наведува дека Русија поседува чувствителни информации за приватниот живот и за имотната состојба на новоизбраниот американски претседател Трамп.

Исто така, се вели дека за време на претседателската кампања во САД, руските разузнавачки единици собирале информации и за републиканскиот кандидат Доналд Трамп, и за кандидатот на демократите, Хилари Клинтон, но во јавноста протекле само информациите што негативно влијаеле врз Хилари Клинтон. Во извештајот се вели дека на тој начин Русија му помогнала на Трамп да победи на претседателските избори.

Во продолжението на извештајот се вели дека постои можност Русија да ги користи информациите што ги поседува за да врши притисок врз Трамп. Во извештајот станува збор и за тоа дека продолжува директната соработка на лицата блиски до Трамп со руски официјални лица.

Официјалните лица на САД информираа дека претставените информации не се добиени по разузнавачки патишта, туку од истражувањата на една институција со која раководи и дава политички консултации поранешен висок британски разузнавачки службеник.

ЦИА и ФБИ одбија да дадат изјава на оваа тема. Американските официјални лица не ја потврдија веродостојноста на тврдењата наведени во извештајот.

Трамп истакна дека биле неосновани информациите поврзани со него. Во врска со овој извештај, Трамп даде образложение преку својот Твитер профил: „Лажни информации. Во целост, политички лов на вештерки“.