Во однос скандалозното известувањето на Сител за изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, чувствуваме потреба да го појасниме контекстот и вистинската намера на неговата порака, излегоа со реакција од ДУИ.
“Во своето обраќање во Чашка, г. Ахмети се осврна на дискриминаторските ставови на некои поединци кои често велат дека „доколку Албанците сакаат да зборуваат на својот мајчин јазик, треба да заминат во Албанија“.
Тој со иронија и реторика истакна дека ваквите ставови се крајно погрешни и штетни, нагласувајќи дека Македонија е заедничка татковина на сите нејзини граѓани.
Ахмети потсети дека Албанците не се дојденци, туку автохтони жители кои со децении го граделе својот дом овде, зборуваат на својот мајчин јазик, и се рамноправно застапени во институциите на државата. Тој упати порака дека овие прашања треба да се надминат со почит и разбирање, бидејќи иднината на државата зависи од заедништвото на сите нејзини граѓани.
-Сметаме дека Сител, доколку навистина имаше искрена намера да информира точно, требаше да побара објаснување од ДУИ наместо да се потпира на интерпретации од бугарските медиуми, кои честопати имаат свои агенди. Ваквиот пристап придонесува за недоразбирања и можни тензии.
Апелираме до сите медиуми за професионално и одговорно известување, особено кога станува збор за теми кои можат да влијаат на меѓуетничките односи. Северна Македонија е заедничка држава за сите нејзини граѓани, а градењето на заедничка иднина бара почитување и прифаќање на различностите.
ДУИ, соопштение
